Во Парагвај запленети рекордни четири тони кокаин наменет за Европа
Властите во Парагвај пријавија најголема заплена на дрога во земјата до сега, конфискувајќи над четири тони кокаин, јави ДПА.
Парагвајските безбедносни сили ја откриле дрогата скриена во вреќи со шеќер во контејнер во пристаништето на главниот град Асунсион, на пат за Антверпен во Белгија, соопшти агенцијата за борба против дрога Сенад.
Запленетиот кокаин се проценува на околу 220 милиони евра (240 милиони долари), се вели во соопштението.
Европа, заедно со САД, е најголемиот пазар за кокаин кој потекнува од јужноамериканските земји Колумбија, Перу и Боливија.
Патот до Европа преку Парагвај, Аргентина или Бразил се зголемува по значење, според неодамнешната проценка на Канцеларијата на Обединетите нации за борба против дрога и криминал.
На европските пристаништа минатата година беа запленети над 300 тони кокаин, со рекордни 121 тон конфискувани само во Антверпен, што укажува на зголемување од 10 отсто во однос на претходната година.
Ново на Сител
-
Лекарска комора: Комисијата за етички прашања го разгледа случајот поврзан со д-р Кузмановски
-
Зеленски: Русија ја нападна Украина со над 300 дронови и 37 ракети
-
М-НАВ: Судот го забрани најавениот штрајк од страна на ССКЛ
-
Трамп: Премиерот Моди ми рече дека Индија ќе престане да увезува руска нафта
-
Половина метар е најдолгото гласачко ливче, ДИК дистрибуира 4.613.438 гласачки ливчиња
-
Студија: Во Србија, секој петти млад човек страда од барем едно психичко нарушување
-
Приведен 18-годишник од Скопје, при претрес на неговиот дом најдена е дрога
-
Прекин на испораката на гас за ЈПС - можни отстапувања од возниот ред