Во Парагвај запленети рекордни четири тони кокаин наменет за Европа
Властите во Парагвај пријавија најголема заплена на дрога во земјата до сега, конфискувајќи над четири тони кокаин, јави ДПА.
Парагвајските безбедносни сили ја откриле дрогата скриена во вреќи со шеќер во контејнер во пристаништето на главниот град Асунсион, на пат за Антверпен во Белгија, соопшти агенцијата за борба против дрога Сенад.
Запленетиот кокаин се проценува на околу 220 милиони евра (240 милиони долари), се вели во соопштението.
Европа, заедно со САД, е најголемиот пазар за кокаин кој потекнува од јужноамериканските земји Колумбија, Перу и Боливија.
Патот до Европа преку Парагвај, Аргентина или Бразил се зголемува по значење, според неодамнешната проценка на Канцеларијата на Обединетите нации за борба против дрога и криминал.
На европските пристаништа минатата година беа запленети над 300 тони кокаин, со рекордни 121 тон конфискувани само во Антверпен, што укажува на зголемување од 10 отсто во однос на претходната година.
Ново на Сител
-
Нетанјаху изјави дека граничниот премин Рафа ќе остане затворен до натамошно известување
-
Танкер натоварен со течен природен гас гори покрај брегот на Јемен, соопшти поморската мисија на ЕУ „Аспидес“
-
Граничниот премин Рафа во Газа повторно ќе биде отворен на 20 октомври, соопшти Палестинската амбасада во Египет
-
„Луфтханза“ разгледува евентуално укинување на 100 домашни летови поради високите даноци и аеродромските такси во Германија
-
Десетици илјади евакуирани на Филипините поради приближувањето на ураганот „Феншен“
-
До 15:30 часот гласале 5 385 болни или немоќни лица и 810 кои издржуваат казна затвор или притвор
-
Приведен 22-годишник, со телефон фотографирал девојка додека се туширала во студентски дом
-
Приведени три лица од Прилеп за извршување на тешка кражба на накит | ФОТО