Во општина Чаир се реализиран проектот „Чисти и здрави“
Во општина Чаир се спроведува проектот „Чисти и здрави“, чија цел е развивање на свеста за чиста животна средина кај најмладата популација преку градење на вредносен систем за формирање на идни еко-свесни генерации.
– Акциите се насочени кон едукација на најмладата и најранлива категорија од општина Чаир – децата од предучилишна возраст за животната средина, навиките за чиста околина како и развивање на свест за еколошки одговорно однесување, соопштија од Општина Чаир.
Проектот ќе се реализира во период од јуни 2019 – мај 2020 година, а во тој период ќе бидат спроведени повеќе активности, меѓу кои изработка на илустрирани сликовници за чиста животна средина адаптирани и за деца со посебни потреби, продукција на анимиран видео-клип за животната средина на тема: Што е животна средина и како да ја одржиме чиста со превод на знаковен јазик, развој на мобилна апликација (игра) за поттикнување на свест и грижа кон животната средина, соодветно прилагодена за целната група, посета на сите градинки во општина Чаир, презентација на сликовниците и објаснување на важноста за грижа кон животната средина преку пристап соодветен за целната група, информирање за апликацијата која може да ја играат заедно со родителите…
Проектот го имплементира Здружението за регионален развој, Балкан Економик Форум (БЕФ), а е поддржан од Цивика мобилитас, програма на Швајцарската агенција за развој и соработка (СДЦ).
Ново на Сител
-
Учениците од утре на пролетен распуст, наставата ќе продолжи на 7 мај
-
Изборната кампања за двојните избори влегува во втората половина
-
Денеска е Цветници
-
Демократскиот сојуз ќе го одржи седмиот Конгрес
-
Во центарот на Куманово ќе биде откриен мурал со ликот на Бобан Трајковски кој беше убиен пред 23 години кај Вејце
-
Најмалку пет лица загинаа во торнадо во јужна Кина
-
Зеленски: На Украина и требаат најмалку седум ПВО системи „Патриот“
-
Сончево и релативно топло