Македонија
27. April 2024 - 16:37

Ковачевски на митинг испрати пораки до Ахмети

Лошиот резултат на првиот круг на претседателските избори и критиките на јавноста за однесувањето на ДУИ го натераа Ковачевски во парламентарната кампања наместо како до сега – само до Мицкоски, критики да испраќа и до партнерот Ахмети. За лидерот на СДСМ неприфатливо било тоа што Европскиот фронт на митинг не го истакнува еворпското знаме и извикува УЧК.

Но, Ковачевски со порака и до дел сопартијци, кои како што рече, тргнале во битка против своите.

Охрабрен пак, од одличниот резултат на 24 април, Мицкоски се посигурен дека ДУИ заминува во опозиција.

Изненадувачки добриот резултат на Максим Димитриевски, пак, го натера лидерот на ЗНАМ самиуверено да ги објави своите услови за влез во владата: во нејзе да ги нема СДСМ и ДУИ.

Со ова позициите на албанската опозиција за партнер во Влада се зајакнуваат. Таравари вчера преку Фесјбук потврди дека е во контакт со Мицкоски, но дека за влез во идната влада ќе се водат од националниот интерес на Албанците.