Во Охрид втор камп за зајакнување на претприемачките капацитети кај младите
Педесеттина млади претприемачи се дел од вториот од трите предвидени младински претприемачки кампови што се одржува во Охрид, во рамки на активностите од проектот „Заедно за успех: млади претприемачи, движечка сила за добри меѓуетнички односи“.
На кампот финансиран од ЕУ младите претприемачи, претставници на граѓанските организации и општината учат, се вмрежуваат и работат на градење на сопствените претприемачки капацитети и вештини.
Целта на кампот е да придонесе кон зголемување на знаењето и развој на вештините кај младите претприемачи, да разработуваат и раководат со сопствен бизнис и да остварат успешен развој преку воспоставување стратешки партнерства со претставници на граѓански организации и општините.
Програмата на кампот опфаќа теми за развој на претприемачки капацитети и теми за градење на капацитети за застапување и лобирање. Проектот е осмислен да придонесе кон развојот на мултикултурната демократија и стабилност преку зголемување на капацитетите на младинските граѓански организации и младите претприемачи од различни етнички групи.
Во рамки на проектот изработена е и мултиетничка истражувачка студија за младинско претприемништво. Истражувањето опфати повеќе од сто млади претприемачи од различни етнички заедници. Студијата првпат промовира истражување на различни претприемачки аспекти на национално ниво, со посебен акцент на меѓуетничките тенденции и ставови.
Ново на Сител
-
СДСМ со митинзи во Илинден, Петровец, Бутел, Чучер Сандево
-
ВМРО-ДПМНЕ со митинзи во Чаир, Аеродром и Гази Баба
-
Тема на денот со Венко Филипче, претседател на СДСМ
-
По 18 пат во чест на Тоше маратонците го истрчаа Меѓународниот ултра маратон од Нова Градишка до Крушево
-
Судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ закажано за 19 ноември
-
ЛКМ со морална осуда за д-р Игор Кузмановски – Неврологот и понатаму без активна лиценца
-
Сиљановска-Давкова најави македонско бугарски разговори по локалните избори
-
Се дистрибуираат гласачките ливчиња за изборите во недела