Во Одеса киднапиран украински пратеник

Непознати напаѓачи во јужниот украински град Одеса го киднапирале пратеникот Олексиј Хончаренко, пренесоа британските медиуми, повикувајќи се на негов колега и на регионалните власти.
-Олексиј Хончаренко беше грабнат од непознати луѓе во Одеса среде бел ден, изјави во Парламентот претседателот на парламентарната група на „Блокот на Петро Порошенко“, Игор Хринив.
Хончаренко (36) е роден во Одеса и е еден од заменик шефовите на групата на „Блокот на Петро Порошенко“ во украинскиот Парламент. Тој е познат по своите критични ставови за мноштво политички прашања.
Обвинителството во Одеса потврди дека парламентарецот е грабнат, но не даде никакви детали за настанот.
-Во пронаоѓањето на Хончаренко се вклучени сите расположливи сили и групи за потраги, изјави портпаролот на главниот обвинител, цитиран од ТАСС.
Претходно Хончаренко беше член на Партијата на регионите и го предводеше регионалниот совет на Одеса, потсетува ТАСС.
Тој е син на поранешниот градоначланик на Одеса, Олексиј Костусев.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Борче Треновски универзитетски професор
-

Го исполни ли Ѓорѓиевски ветувањето - чист град за 72 часа?
-

Премиерот готви реконструкција – партиите се спремаат за конгреси
-

Во петок ќе почне комисиската расправа за предлог - буџетот за 2026
-

АХВ спречи 37 тони небезбедна храна да стигне до потрошувачите
-

СДСМ обвинува дека скандалот е поголем
-

Тутунарите очекуваат повисоки цени
-

Панел-дискусија на МОН во Тетово: Технологијата во образованието е помошник, но не и замена за наставникот
