Во обид за атентат на угандиски министер, убиени неговата ќерка и возач
Вооружени лица денеска се обидоа да извршат атентат на министерот за труд на Уганда, генерал Катумба Вамала, но притоа ја убија неговата ќерка и возачот на автомобилот, а поранешниот командант на војската е ранет, соопштија армискиот портпарол и локалните медиуми.
Четворица напаѓачи на мотоцикли отвориле оган кон возилото во кое се наоѓал генерал Катумба Вамала, во предградието на Кампала, Киасаси, јави локалната телевизија НБС
Снимките кои кружат на социјалните мрежи го покажуваат Вамала со отворена уста, во очигледна неволја покрај автомобил, и светло панталони испрскани со крв. На снимките од социјалните мрежи може да се видат и дупки од куршуми во прозорецот на автомобилот и чаури на земјата.
– Тој беше застрелан … тој е повреден и одведен во болница, неговиот возач е убиен, изјави портпаролката на војскат, бригаден генерал Флавија Бјекваса.
– Двете рамена му се повредени, рече пратеникот Крис Бариомунси за НБС. Ќерката на Вамала, која била во возилото со него, исто така е убиена, објави НБС. Ќерката на Вамала, Бренда Нантонго Вамала, самошто се вратила од САД и почнала со работа во Уганда.
Ќерката на Вамала, Бренда Нантонго Вамала, самошто се вратила од САД и почнала со работа во Уганда.
Ново на Сител
-
Собранието ја отфрли интерпелацијата за министерот за внатрешни работи Панче Тошковски
-
Гевгеличанец три месеци демнел татко со три малолетни деца и сакал да оствари несакан контакт
-
Солопатување: Добри и лоши страни
-
Реал Мадрид тргнува по Вилијам Салиба
-
Трамп: Ја спасувам Украина, доколку војната со Русија продолжи таа брзо ќе биде уништена
-
Времето утре наутро посвежо, преку денот сончево и потопло
-
Силен земјотрес со јачина од 6,2 степени во близина на Нов Зеланд
-
Кремљ го отфрли предлогот на Киев за 30-дневно примирје