Во Нов Зеланд дивее зимска бура
Нов Зеланд денеска го зафати зимска бура, предизвикувајќи блокади во сообраќајот низ целата земја и оставајќи илјадници домаќинства без електрична енергија.
Утринава се приземјени сите регионални летови од главниот град Велингтон, а силните ветрови предизвикаа големи штети уривајќи дрвја и кинејќи ја електричната мрежа низ цела земја, што повеќе од 10.000 домаќинства остави без електрична енергија.
Ветрот, што дуваше со брзина од 160 километри на час, ја погоди новозеландската престолнина, додека во теснецот Кук, што ги дели Северниот и Јужниот остров, дуваше со брзина од 130 километри на час, кревајќи 11 метри високи бранови, објави метеоролошката служба.
Затворени се некои од главните сообраќајници, а прекинат е и железничкиот сообраќај. Главните сообраќајници што одат низ средишниот дел на Северниот остров се затворени заради снегот и мразот, пренесе Хина.сд/09:50
Ново на Сител
-
Розов пикник појадок за поддршка на жените со рак на дојка
-
Заедничка балканска промоција
-
Технолошки парк „N99“ почетокот на една нова ера
-
Земјоделието и младите
-
Преглед на вестите од светот
-
Предизборен карван на ВМРО-ДПМНЕ во Новаци, Могила и Битола
-
Предизборен карван на СДСМ во Дебарца, Вевчани, Струга и Охрид
-
Тема на денот со Горан Герасимовски, кандидат на СДСМ за градоначалник на Општина Центар