Македонија
4. October 2025 - 16:33

Розов пикник појадок за поддршка на жените со рак на дојка

Во Македонија се уште нема задолжителна скрининг програма за рак на дојка, а според статистиките секоја петта жена се соочува со оваа дијагноза. Здружението Хема Онко забележува и на принципот на кој работи јавното здравство, каде по откривање на грутка лекарите веднаш ги испраќаат пациентките на хирургија што е сосема спротивно на светската пракса. Апелираат до институциите поскоро да ги вклучат тумур-бордовите но и скринингот кој ќе оди преку матичните лекари и ќе се однесува на популацијата од 40 до 69 години. 

Партнери во оваа кампања се и Медикус Хелп кои веќе 33 години обезбедуваат помагала, ги поддржува жените и ги третира пациентките по лекувањето за кои е отворен и новиот центар  за лимфадема.

Пациентки и нивните поддржачи се сложуваат дека во државата треба повеќе да се зборува за оваа болест. Жените замеруваат на третманот во јавното здравство. Оние кои се избориле со болеста порачуваат редовно да се прават прегледи  а пациентките да не се откажуваат од борбата. 

Розовиот појадок кој се оддржа на школка во градскиот парк под мотото заедно сме посилни беше проследен со едукација за самопреглед, пилатес час и забава со македонска музика.