Во ноември отстранети 1 500 кубни метри отпад од диви депонии низ Скопје

Во текот на месец ноември 2025 година, Еко-патролата при ЈП Комунална хигиена-Скопје реализираше вкупно 179 едукативни разговори со претставници на стопанските субјекти, како и со лица кои биле затекнати при неправилно одлагање на отпадот.
Претставниците на Еко-патролата ги информирале и едуцирале граѓаните на кој начин, каде и во кои термини, согласно законските одредби, треба да го одлагаат комуналниот отпад и отпадот од пакувања, со цел заштита на животната средина и јавното здравје.
-Во текот на минатиот месец, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје подигнаа и транспортираа 1500 кубни метри непрописно одложен мешан комунален, кабаст и градежен отпад. Интервенирано е во речиси сите скопски општини, како и на таканаречените „црни точки“ каде што е забележано континуирано одлагање отпад на јавни и на сообраќајни површини, наведуваат од Јавното комунално претпријатие.
Во наведените месечни податоци, не се пресметани отстранетите количини непрописно одложен отпад во рамките на масовната акција за чистење на градот што се одвиваше во периодот од 6-9 ноември.
МИА
Ново на Сител
-

На Ортопедија успешно изведени две трансплантации на коска од починат донор кај педијатриски пациенти
-

Од следната недела стабилно и топло време
-

Избрана Комисијата за гласање на Конгресот на ВМРО-ДПМНЕ
-

Мицкоски: Стратегијата Македонија 2030 е визија за стабилна, продуктивна, правична и европски позиционирана држава
-

Скопјанец возел со 2,55 промили алкохол во крвта и предизвикал сообраќајка
-

ГП Евзони денеска повторно затворен поради штрајк на грчките земјоделци
-

Мицкоски: Очекувам славенички амбиент по историската победа на локалните избори и така да продолжиме
-

Неготинец силувал скопјанка, снимал со телефон и потоа ја уценувал со снимениот материјал
