Во Њујорк почна судењето на продуцентот Харви Вајнстајн

Судскиот процес против американскиот филмски продуцент Харви Вајнстајн, обвинет за сексуално злоставување и напади почна денеска во Њујорк.
Вајнстајн дојде на суд навреме, а првиот ден од судењето обично е посветен на технички работи. Петнаесетина жени се собраа пред судницата во Менхетен, вклучувајќи ја и американската актерка Розана Аркет, која тврди дека Вајнстајн сексуално ја нападнал.
Скандалот избувна на почетокот на октомври 2017 година кога Њујорк Тајмс првпат ги спомна обвинувањата на сметката на Вајнстајн. Подоцна, околу 80 жени, меѓу кои и актерките Гвинет Палтроу, Анџелина Џоли и Леа Сејду, го обвинија холивудскиот продуцент за сексуално вознемирување и злоставување.
Судскиот процес против Вајнстајн (67), кој рече дека ќе се докаже дека не е виновен, треба да трае шест недели.
Тој се брани од слобода и е обвинет за силување, сексуално вознемирување и злоставување.
Ново на Сител
-

Токсиколозите со предупредување - во сезоната на печурки внимавајте какви плодови собирате!
-

Се бара решение за 550 вработени во „Лукоил Македонија“
-

Меѓународна научна конференција „Македонскиот јазик – извор на научни истражувања“
-

Преглед на вестите од светот
-

Муцунски на ја коментира работата на историската комисија
-

Николоски: Силно сме посветени на туризмот
-

Бислимовски: МЕПСО побара минимално зголемување на цената на струјата
-

Нов парк во Бутел
