Во Ниш ќе се одржи централен дел од сенароден собир, Вучиќ најави претставување на нова програма за Србија
Во Ниш денеска ќе се одржи централна манифестација во рамки на Сенароден собор што го свика претседателот на Србија, Александар Вучиќ. На собирот ќе биде промовирано Движењето за народот и државата.
Српскиот претседател ги повика граѓаните од државата да дојдат да демонстрираат на мирен и достоинствен начин дека пристојна Србија не може да биде поразена. Тој најави дека на собирот „ќе се покаже како функционира една пристојна и нормална Србија и каде никој нема да биде нападнат“.
Неговото обраќање ќе биде во 18 часот.
Соборот почна синоќа и ќе трае до недела. Се очекува во неговото обраќање, како што најави, да изнесе идеи за тоа како треба да изгледаат Србија и Ниш во иднина.
Тој им се заблагодари на сите граѓани кои веруваа во она што го прави и кои го поддржуваат.
Движењето за народот и државата беше претставено во Белград од 11 до 13 април на митингот „Не ја даваме Србија“.
Во Ниш во 18.30 часот мирен протест закажаа и студентите во блокада од тој српски град. Тие, исто така, ги повикаа сограѓаните да дојдат на протестот „мирно, со достоинство и со позитивна енергија“.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Александар Николоски, вицепремиер
-
Договор за стратешко партнерство со Велика Британија
-
Експертите ја поздравуваат најавата за инвестиции
-
Зоврива албанскиот блок со заострена реторика пред локалните избори
-
Загрижувачки 30 проценти од бремените жени се соочуваат со анксиозно-депресивни потешкотии
-
Инциденцата и преваленцата на малигни заболувања кај пациентите од истокот е во пораст
-
Преглед на вестите од светот
-
Стартува инвестиција на „Шахтерм“ - Турска фабрика за греачи за бела техника