Герапетритис: Грција презеде иницијатива за проширувањето на ЕУ со Западен Балкан да стане реалност

За Западен Балкан, Грција презеде силна иницијатива со Декларацијата од Делфи, која беше потпишана пред неколку седмици и ги зајакнува напорите за проширувањето да стане реалност со перспектива за време на грчкото претседателство со Советот на ЕУ во втората половина на 2027 година, рече шефот на грчката дипломатија Јоргос Герапетритис при пристигнувањето на Советот за надворешни работи на ЕУ во Брисел, јави дописничката на МИА од Атина.
Министерот за надворешни работи на Грција посочи дека на денешниот состанок ќе разговараат за главните прашања што се моментално актуелни, како што се Газа, Украина и Западен Балкан.
Дополнително, нагласи дека ќе го информира Советот за поморскиот дрон што во петокот беше пронајден во Јонското море, кај Лефкада, истакнувајќи дека е „особено сериозен инцидент“.
Станува збор за особено сериозна разврска. Во моментов во тек е истрага на Генералштабот за инцидентот. Кога истрагата ќе заврши и ќе се утврдат неопходните технички карактеристики, ќе постои реакција од грчката Влада со потребните демарши. Сепак, би сакал да нагласам дека Грција нема да дозволи развој на воени дејствија во поширокиот регион на Медитеранот, а особено кон грчката страна. Ова создава огромна опасност за слободата на пловидба, како и безбедноста на граѓаните и животната средина. Грција ќе ги преземе сите неопходни чекори за целосно да гарантира дека Медитеранот нема да стане сцена на воени операции – порача Герапетритис.
МИА
Ново на Сител
-

Затвореник од Идризово загина откако се качил на бандера и фатил жица под напон
-

Запален автомобил кај Мавровка
-

Ангелов: Најкомплексен е пожарот кон НП „Пелистер“, нема повредени пожарникари
-

Македонскиот кугларски репрезентативец Стоклас постави Гинисов рекорд
-

ЈСП„Скопје“: Ќе се утврди причината за пожарот на автобусот, благодарност до возачот за брзата реакција
-

На ГП Табановце и ГП Блаце за излез од државата се чека до еден час
-

Општина Центар почна со расчистување диви депонии и наталожен отпад
-

Нема повредени во запалениот автобус на ЈСП „Скопје“ на Средно Водно, возачот спречил поголем пожар
