Во невремето во Украина 10 лица загинаа, ветрови носат се пред себе
Десет лица загинаа, а 23 се повредени, меѓу кои две деца во снежните бури во Украина, изјави министерот за внатрешни работи Игор Клименко.
Замрзнати ветрови и бури ја зафатија Украина од неделата, прекинувајќи го снабдувањето со електрична енергија и блокирајќи ги патиштата, особено на југот на земјата, јавува Ројтерс.
„Поради влошување на временските услови, 10 лица загинаа во регионите Одеса, Харков, Миколаев и Киев“, напиша Клименко на Телеграм.
Тој изјави дека без струја се 411 населени места во 11 области, а од снежните наноси треба да се извлечат над 1.500 возила.
Во регионот Одеса речиси 2.500 луѓе се спасени по снежното невреме, објави гувернерот Олех Кипер, додавајќи дека 313 населени места во регионот во моментов се без електрична енергија.
Тој наведе дека од снегот се извлечени 849 возила, од кои 24 автобуси и 17 амбулантни возила.
Ново на Сител
-
ОЈО поведе истрага за пожарот во Трубарево
-
Муцунски во посета на САД, средба со конгресмени и сенатори
-
Протест со повик „Ниту една повеќе“
-
Тема на денот со Сузана Јошевска Анастасовска, адвокатка
-
Две години затвор за Лидија Димова, треба да врати над 350.000 евра на Националната агенција за европски образовни програми
-
Трубарево и Дрисла под контрола - учениците во четирите училиште в понеделник се враќаат на настава
-
Политички реакции за фемицидот во Велес
-
Стартуваа обуките за јавната администрација - премиерот најави департизација на јавниот сектор