Во Неготино се продаваат парцели за изградба на хотел и индивидуални домови
Општина Неготино продава парцели за изградба на хотел и индивидуални домови. Како што информираа денеска од неготинската локална самоуправа, преку јавен повик се отуѓува градежно земјиште сопственост на Република Македонија.
- Ќе следува електронско јавно наддавање, а предмет на продажба е градежно неизградено земјиште со намена Б5-хотелска индустрија и со А1-индивидуално домување. Во делот на хотелската индустрија, на продажба се нуди една градежна парцела со површина од 2.505 квадратни метри со почетна цена на наддавање од 61 денар за квадрат. За изградба на објекти за индивидуално домување се продаваат четири градежни парцели со површина од 170 до 368 метри квадратни, со почетна цена од 373 денари за квадрат, соопштија од општината.
Јавното електронско наддавање ќе се одржи на 25 март, оваа година.
Ново на Сител
-
Извршен комитет на ВМРО-ДПМНЕ
-
Тема на денот со Васко Нумовски, поранешен амбасадор
-
Во Охрид доделено признанието „Инженерски прстен 2025“
-
Ќе има ли собраниски надзор во АНБ?
-
Партиски реакции за скандалот
-
Сиљановска: По многу бели линии, апсурдно е сега да зборуваме за црвени
-
Судење за Штекли
-
„Вардариште“ под лупа на обвинителството, кривични пријави за 3 лица