Во напад на плажа на Брегот на Слоновата коска 12 мртви
Најмалку 12 лица денеска се убиени, меѓу кои и четворица Европејци, во оружениот напад на плажа во летувалиштето во Гранд Басам на југот на Брегот на Слоновата коска.
Очевидци кои направиле видео снимки од нападот посочуваат дека на местото виделе тела на најмалку седум жртви.
- Видов седуммина мртви и тоа го снимив. Беа четворица напаѓачи. Јас пливав кога сето тоа почна и потоа побегнав, изјави Драман Кима за британските медиуми.
Си-Ен-Ен го пренесе соопштението на Владата на таа земја во кое се наведува дека вооружени напаѓачи отвориле оган на луѓето на плажата пред два хотели во летовачиштето Гранд Басам. Во соопштението се додава дека безбедносните сили одговориле на нападот.
Очевидци раскажуваат дека имало најмалку 13 напаѓачи, кои пристигнале со чамци, слегле на плажата извикале „Алах Акбар“ и отвориле оган кон посетителите.
Локалните медиуми соопштија дека петмина од напаѓачите се мртви, а по другите се уште се трага.
Ново на Сител
-
Поднесено обвинение против петмина турски државјани за убиството во кафе бар во Штип
-
СДСМ продолжува со активностите на терен
-
Монтажен паркинг на Матка, промена на фасади во Карпош, кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ и денеска на терен
-
Избори 2025 - Активности на ДУИ и на ВЛЕН
-
Активности на кандидати за градоналачници
-
Розов пикник појадок за поддршка на жените со рак на дојка
-
Заедничка балканска промоција
-
Технолошки парк „N99“ почетокот на една нова ера