Во мавровските хотели сместени 135 лица кои допатуваа од странство
Во два мавровски хотели од синоќа во карантински услови сместени се 135 лица кои допатувале од странство.
Медат Куртовски, градоначалникот на општина Маврово Ростуше, на чија територија се наоѓаат објектите во телефонски разговор за МИА потврди дека во хотелите „Макпетрол“ и „Спорт“ во текот на ноќта и рано утрово со автобуси биле донесени лицата кои според насоките треба да бидат во двонеделна изолација.
Утрово во хотелот „Макпетрол“ во селото Маврово сместени се 74, а во „Спорт“ 61 лице и веќе се запознаени со обврските и ограничувањата.
Од секретаријатот известија дека граѓаните сместени во државните карантински објекти не се закана за никого, а објектите ги обезбедуваат полицијата и војската.
– Ниту еден граѓанин сместен во државен карантин во периодот од 14 дена не смее да ја напушти сопствената соба, ниту објектот, а секој кат од сместувачкиот објект е строго контролиран и обезбеден од војската и полицијата. За секој од нив е направена епидемиолошка анкета и определен е соодветен режим во карантинскиот објект кој е целосно безбеден и строго контролиран и надгледуван, наведуваат од генералниот секретаријат на Владата на РМ во соопштение објавено на официјалната интернет-страница на Владата.
Ново на Сител
-

Рокас му го предаде извештајот за Македонија на Гаши
-

ЕК ги презентираше извештаите за напредокот на кандидатите за членство во ЕУ
-

Тема на денот со Александар Кржаловски, директор на МЦМС
-

Предлог буџетот стигна во Собрание
-

Поради неажурноста на факултетите над 2.000 студенти од почетокот на месецот останаа без парите за оброк
-

Преглед на вестите од светот
-

ЕК ќе ги презентира извештаите за напредокот на кандидатите за членство во ЕУ
-

Мицкоски од Брисел: Ако ЕУ го толерира булингот на Бугарија кон Македонија, ваквите блокади ќе станат пракса
