Во Македонија нема небезбедни домати од Турција
Во Македонија не се увезени небезбедни домати од Турција, соопшти Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ).
Агенцијата, како контакт точка на Системот за брзо предупредување за небезбедна храна и храна за животни на ЕУ, нема добиено ниту нотификација за увоз на небезбедни домати од Турција на македонскиот пазар.
Инспекциските служби вршат континуирани контроли на пратките зеленчук кои се увезуваат и тие се пуштаат на пазарот исклучиво по добивање наод од извршени лабораториски испитувања со кои се потврдува дека не содржат пестициди или други штетни материи над максимално дозволените концентрации.
- Редовно се контролира и домашниот пазар, дистрибутивните центри, како и преработувачките капацитети. Дополнително, прометот со зеленчук се контролира во рамки на контролите на мешовитите продавници кои вклучуваат и трговија со овој тип производи, нагласуваат од АХВ.
Од почетокот на годинава досега, од Турција, Грција, Албанија и Италија се увезени 264 пратки домати во количина од 2.547.581 килограм.
Покрај редовните инспекциски контроли, согласно препораките на ЕУ, АХВ од 2012 година ја спроведува и Програмата за мониторинг на безбедноста на храната чија цел е одредување евентуално присуство и на концентрациите на контаминентите во храната, како и евалуација на нивното влијание врз здравјето на човекот.
Ново на Сител
-
Сите училишта и градинки се безбедни, ќе се прават контроли и на сите станбени згради
-
Опозицијата обвинува за селективна истрага, власта вели одговорноста ќе има име и презиме
-
Посебен сообраќаен режим
-
Црвен крст: Првата исплата ќе изнесува по 2.400 евра на 240 семејства
-
Поддршка од Израел
-
Боре Видевски негира дека е вмешан во убиствата на Вања и Панче
-
Муртезани: Пристигнаа првите 52,4 милиони евра од инструментот за реформи и раст од ЕУ
-
Две лица убиени во пукотници во Волково