Во Македонија младите се помалку се едуцираат за семејните вредности
Младите денес се помалку знаат што значи бракот, која е улогата на семејството и децата, експерите предупредуваат дека во државата недостасува соодветна едукација. Токму поради ова статистиката покажува се поголем број разводи отколку склучени бракови во изминатата деценија. Едукација во рамки на училиштата и предбрачните советувалишта се клучни во создавањето на здраво општество чија основна клетка е грижата и почитта за семејството. На меѓународниот ден на семејството, екпертите велат дека е важно да се посвети поголемо институционално внимание за одржување на овие вредности.
Фондот за население на Обединетите нации нагласува дека политиките за поддршка на семејствата треба да бидат родово одговорни за да бидат ефикасни. Од УНФПА сметаат дека се потребни повеќе инвестиции за поддршка на семејните политики бидејќи тие се суштински пат за градење на поинклузивно, правично и просперитетно општество.
„Добро осмислени и дарежливи политики за поддршка на семејствата се во корист на поединците, семејствата, компаниите и општествата во целина, а, исто така, тие го зајакнуваат капацитетот на земјите за да се справат со демографските промени.
Министерто за социјална политика нагласувајќи дека визијата на оваа влада е општество во кое секое дете ќе има можност да расте во сигурна, грижлива и поттикнувачка средина најави низа законски измени за унапредување на семејствата.
Од 1994 година со одлука на ОН 15 мај се одележува како меѓународен ден на семејестовто за да се истакне важноста на семејството во меѓународната заедница и да се подигне свеста за прашањата поврзани со семејествата и демографските процеси.
-
Мирјана Давидовска
Сите содржини од овој новинар