Во кумановско верниците го прославуваат празникот Свети Никола
Православните верници од Куманово денеска масовно ги посетија црквите во чест на празникот Свети Никола. Во соборниот храм кој го носи името на светецот Свети Никола, митрополитот кумановско-осоговски г.Јосиф служеше божестевна литургија, по што го ракопроизведе игуменот на Осоговскиот манастир Григориј во архимандритски чин.
Свети Никола е најзастапена домашна слава меѓу верниците од кумановско. Православните верници утрово ја проследија литургијата во црквите, пресекоа славски колач, се помолија за здравје и благосостојба на најблиските.
- Свети Никола е столб на вистината на нашата христијанска црква и сведочи дека догмите и правилата во црквата се живот на црквата. Светителите ги славиме поради тоа што Бог им даде сила и заради таа близина со Бога, ние им се молиме како наши застапници. На овој ден се оставаат сите материјални подготовки и се доаѓа на литургија за духовно храна и мир на луѓето, рече отец Игор Здравковски од Кумановско-Осоговска епархија.
Тој посочи дека е многу значајно духовно да го прославиме Свети Никола и да се радуваме на празникот, а потоа верниците да заминат во домовите подготвувајќи се за домашната слава.
Ново на Сител
-
Заложничка драма во Прилеп
-
Минималната плата ќе се зголеми согласно законот и ќе изнесува 24.400 денари
-
130 психолози работат со ученици и возрасни за надминување на колективната траума
-
Пролетната зелка во наредните десет дена ќе се откупува по цена од 40 денари
-
Уапсен Ејуп Рустеми
-
Се шири истрагата за пожарот во „Пулс“
-
Владата ја запира постапката за разрешување на државниот обвинител
-
И угостителски и државни објекти за време на мораториумот ќе треба да отстранат неправилности