Македонија
21. September 2015 - 15:49

Во кумановско Орашац волци задавиле 18 овци, 10 се повредени

Волци зaдавиле 18 овци во одгледувалиште во кумановското село Орашац. Сточарот Горан Николовски изјави дека првпат се случува волците да влезат во трлото и да им причинат значителна материјална штета.

Сопственикот  повикал и полиција и ветеринарна служба. Од СВР Куманово го потврдија случајот и денеска информираа дека  увидна екипа излегла на терен и утврдила дека волци утрово во периодот од 02 до 03 часот, усмртиле 18 овци, десет биле повредени, но преживеале, а десетина овци избегале.

Ова е втор случај за четири дена во Кумановско, како волци напаѓаат стада. На 17 -ти септември во Пчиња, волк задави десетина овци и кози.