Во кумановската болница хоспитализирани 80 пациенти, 50-тина се лекуваат од Ковид 19 во дневна болница

– Бројките се менуваат од час во час, имаме испишувања, нови пациенти. Во модуларната болница има 56 пациенти-изјави директорката на болницата, Снежана Захариева.
Во Куманово, ковид-пациентите се лекуваат на инфективното одделение и во модуларната болница. Здравствената установа доби донација, рендген апарат кој ќе биде сместен во просториите на стариот рендген во непосредна близина на инфективниот оддел и до модуларната болница.
– Благодарност до Министерството за здравство и Светска Банка за апаратот, кој засега ќе го користат пациентите заболени од ковид, а по завршување на пандемијата ќе се користи и во останатите одделенија. Ние имаме еден рендген апарат кој е сместен во ургентниот центар и се користи за итни случаи, за пациенти од сите останатите одделенија. Овој апарат ќе ни ја олесни работа, изјави Захариева.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Кирил Михаилов, заменик директор во Национални шуми
-
ВМРО-ДПМНЕ го осуди настанот
-
Раста уапсен во Охрид, не стигна да настапи со Џејсон Деруло
-
Повторно гори кај Желино: Состојбата на другите места ширум државата е стабилна
-
Министерот за спорт барал Младинската олимпијада да не се одржи во Скопје
-
ВМРО-ДПМНЕ: За Кочани прашајте го Коцевски
-
СДСМ: Има ли Алказар Енерџи одобрение за изградба
-
Осуммина повредени од трагедијата во Кочани се уште во болница