-->
-->
Во кумановската болница 100 волонтери добија решенија за вработување
-->
Директорот на општа болница Куманово, Ариф Љатифи денеска во присуство на министрите за локална самоуправа и за економија Лирим Шабани и Беким Незири и на државниот секретар на Министертвото за здравствоНасуф Ипчја, им врачи решенија за трансформација на работниот однос на 100 волонтери во болницата.
Според Љатифи, со оваа мерка бенефит ќе имаат и семејствата на вработените, но и самите пациенти кои како и досега ќе добиваат квалитетна здравствена грижа од персоналот.
- Со нивното вработување само ќе се зголеми потенцијалот на вработени луѓе на болницата, а вработените ќе даваат се од себе за нивната професионална грижа за сите пациенти без разлика на верската, етничката или која било друга припадност, дрежавниот секретар Ипчја.
На вработените им се обрати и им честита на решенијата за вработување и министерот Шабани.
- Годините што ги потрошивте во позитивна смисла,спасувајќи човечки животи во болницата со минимална финансиска сатисфакција, ни даде поттик на сите да се ангажираме и законски вашиот проблем да го решиме, рече меѓу другото министерот Шабани.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Филипче изрази сочувство до семејствата на загинатите во Нови Сад
-
Мицкоски: Лесна земја на загинатите во Нови Сад, брзо закрепнување на повредените
-
Сиљановска Давкова изрази сочувство до семејствата на загинатите во Нови Сад
-
Објавен идентитетот на загинатиот Македонец во Нови Сад
-
Штипјанец си ја убил девојката, сам се пријавил во полиција
-
Македонец меѓу загинатите во Нови Сад
-
Почина еден од ранетите во Арачиново
-
Сообраќајка на патот Тетово - Гостивар, сообраќајот по една коловозна лента