Македонија
29. October 2015 - 16:17

Во кумановската болница 100 волонтери добија решенија за вработување

 Директорот на општа болница Куманово,  Ариф Љатифи денеска во присуство на министрите за локална самоуправа и за економија Лирим Шабани и Беким Незири и на државниот секретар на Министертвото за здравствоНасуф Ипчја, им врачи решенија за трансформација на работниот однос на 100 волонтери во болницата.
 
Според Љатифи, со оваа мерка бенефит ќе имаат и семејствата на вработените, но и самите пациенти кои како и досега ќе добиваат квалитетна здравствена грижа од персоналот. 
 
- Со нивното вработување само ќе се зголеми потенцијалот на вработени луѓе на болницата, а вработените ќе даваат се од себе за нивната професионална грижа за сите пациенти без разлика на верската, етничката или која било друга припадност, дрежавниот секретар Ипчја. 
 
На вработените им се обрати и им честита на решенијата за вработување и министерот Шабани.
 
- Годините што ги потрошивте во позитивна смисла,спасувајќи човечки животи во болницата со минимална финансиска сатисфакција, ни даде поттик на сите да се ангажираме и законски вашиот проблем да го решиме, рече меѓу другото министерот Шабани.