Македонија
28. јуни 2023 - 11:22

Во Куманово приведени две лица по распишани потерници

Полициски службеници од СВР Куманово вчера (27.06.2023) и денеска (28.06.2023) лишиле од слобода две лица, за кои биле распишани потерници и ги спровеле во казнено-поправните установи.

Имено, вчера во 10.00 часот, врз основа на судска наредба од Основен суд Гостивар, бил лишен од слобода З.С.(70) од Куманово. Тој се барал со потерница за издржување на мерка притвор, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „измама“, казниво по член 247 ст.4 в.в ст.4 од Кривичниот законик. Лицето било спроведено во Казнено-поправна установа Затвор Скопје.

Денеска, пак, во 08.30 часот, врз основа на судска наредба од Основен суд Куманово, полициските службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Р.Х.(60) од с. Сопот, кумановско. Тој се барал со потерница за издржување затворска казна за сторено кривично дело по член 383  од Кривичниот законик. Лицето било спроведено во Казнено-поправна установа Затвор Куманово.