Путин му честиташе на Трамп
Рускиот претседател Владимир Путин му честиташе на Доналд Трамп за неговиот избор за претседател на САД, јавија руските медиуми.
„Би сакал да ја искористам оваа прилика да му честитам (Трамп) за неговиот избор на функцијата претседател на САД“, рече Путин за време на говорот на состанокот на Меѓународниот клуб за дискусија „Валдај“.
„Зборовите на новоизбраниот претседател Доналд Трамп за украинската криза заслужуваат внимание“, рече Путин.
„Она што беше кажано од Трамп за желбата да се обноват односите со Русија, да се придонесе за решавање на украинската криза, ми се чини дека заслужува барем внимание“, рече рускиот лидер.
Меѓународниот клуб за дискусија „Валдај“ е здружение на водечки странски и руски експерти од областа на политичките науки, економијата, историјата и меѓународните односи.
Клубот е создаден во септември 2004 година на иницијатива на агенцијата РИА Новости, Советот за надворешна и одбранбена политика, списанието „Русија во глобални работи“ и Русија профил.
Валдаи е една од водечките светски платформи за интеракција помеѓу руската и меѓународната интелектуална и политичка елита.
Ново на Сител
-
Аритон Ала е нов заменик-претседател на Судски совет на РСМ
-
Контроли во угостителски објекти во Куманово, изречени десет глоби
-
Почина тригодишно дете од Кавадарци
-
ЕК: Бугарија ги исполнува условите за влез во еврозоната од 1 јануари
-
Димитриеска-Кочоска: Проблемот околу инфлацијата е комплексен, работиме во континуитет и треба време да се среди
-
Во тек се преговорите со министерствата за ребалансот на буџетот, кој во Собрание треба да се најде најдоцна до 25 јуни
-
Вицепремиерот Стоилковиќ и турскиот амбасадор Улусој ги посетија подрачните училишта во Бучим и Тополница
-
Одложувањето на гласањето на предлог-извештајот во АФЕТ голема победа на македонската дипломатија, порачаа амбасадорите Боцевски и Јолевски