Одложувањето на гласањето на предлог-извештајот во АФЕТ голема победа на македонската дипломатија, порачаа амбасадорите Боцевски и Јолевски
Одложувањето на гласањето на Предлог-извештајот за земјава во Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент (АФЕТ), во кој главните забелешки беа барањата на бугарските европратеници околу македонскиот јазик и идентитет, за дел од македонските амбасадори значи голема победа на македонската дипломатија и излегување на вистината на виделина.
Амбасадорот Ивица Боцевски и поранешен специјален претставник при унгарското претседателство во ЕУ, за одложувањето на денешното гласање за 24 јуни, вели дека без разлика какво ќе биде финалето на сето ова јасно е дека македонската дипломатија извојува една огромна победа во една огромна битка, која се однесува на прашањето да се изнесе на виделина кој е бугарскиот став.
-Сега, целата европска јавност може да гледа дека единствено нешто што е спорно е токму самото постоење на македонскиот јазик, македонскиот идентитет, самото постоење на македонската нација. На една нација во 2025 и се спори правото на постоење, и тоа ни помалку ни повеќе туку од една земја-членка на ЕУ, ни помалку ни повеќе во Европскиот парламент, којшто треба да биде домот, центарот на европската демократија, рече Боцевски во изјава за медиуми по тркалезната маса на Советот на амбасадори за Планот за раст на Западен Балкан.
Според Боцевски, ова меѓудругото укажува дека македонската дипломатија, не само министеот Тимчо Муцунски туку целата дипломатска мрежа била ангажирана, во целиот овој потфат, односно, како што посочува тој, да се објасни кои се суштинските причини зошто Македонија има проблем со бугарскиот предлог, и работите се извадени на чистина.
-Сега гледаме дека реалниот проблем е тоа, односно злоупотребата на европската интеграција, претворањето на европската инеграција во оружје, насочено против македонскиот идентитет, култура, итн ова не е првпат, ова е вторпат во современата македонска историја и според мене јасно е дека нашиот одговор на таква работа мора да биде „не“. Самата идеја на европската интеграција беше нешто сосема поинаку, а гледаме од скорешните настани што се случуваат во Украина што се случува и што може да се случи кога се спори правото на постоење на една нација, оценува Боцевски.
Посочи дека е јасно оти работите излегоа на виделина, однос, како што рече, се виде точно што стои зад овие барања кои доаѓаат од нашиот сосед, односно стои негирање на македонската нација.
-Под тие услови се разбира дека е невозможно за македонските авторитети да пристапат понатаму и истовремено ова е сигнал од Софија дека тие не се сериозни кога станува збор за начинот на којшто може да продолжи европската интеграција за Македонија, но без притоа да дојде до еден ваков лош развој на настаните, рече Боцевски.
Според него, секоја поддршка од европратеници е важна, меѓутоа, вели, и самите европарламентарците гласаат по свое сопствено убедување.
-Тие одговараат на своите бирачи, кога станува збор за такво нешто што е производот, сега се разбира дека очекувам притисокот да дојде од сите страни, меѓутоа, ако ништо друго вистината излезе на виделина, односно јасно е и зошто се случува овашто се случува околу Македонија и е многу непријатно во овој момент во Европа кога треба да се постигне една кохезивност на европското тло, кога треба повторно да се ревреднуваат европските врдности, повторно да се зацементираат европските вредности, оние човекови права, единство на разликите, почитување на секоја различност, култура, идентитет итн, дека е проблематично ова што и се случува на Македонија, рече Боцевски.
Истакнува дека е добро што во земјава гледаме дека имаме една цела серија посети на највисоко ниво и изрази очекување ова да продолжи до крајот на овој месец.
-Ако во минатото за нешто можеме да и забалежиме на македонската надворешна политика е што понекогаш бевме или премногу изложени или премногу верувавме наивно на авторитетите или воопшто немавме каква било комуникација. Во моментов имаме една соодветна политика која води грижа за македонските национални интереси, не бега од комуникација, сака да се соочи и сака да ја претстави својата вистина, така што очекувам дека овој ангажман на нашата дипломатија на врвните авторитети и претседателката Сиљановска, премиерот Мицкоски, министерот Муцунски ќе продолжи и понатаму и во делот на надминување на ова прашање, а исто така немам никаков сомнеж дека македонската евроинтеграција како процес секогаш течела во позадина. За Македонија никој нема забелешки во однос на суштината на евроинтергацискиот процес, туку имаат забелешки за работи кои немаат никаква врска со македонската евроинтеграција, оцени Боцевски.
За истото прашање, ставот на амбасадорот Зоран Јолевски, и член на Советот на амбасадори, е дека посебноста на македонскиот идентитет е реалност и не може никој да ја оспорува.
-Како дипломат претпоставувам дека тие во овој период сакаат да направат дополнителни консултации, меѓутоа она што е значајно е ние како држава и како регион да продолжиме со реформите, бидејќи на крајот на краиштата, реформите што ги правиме пред се за нашите граѓани и да нашата економија што побрзо се приближи и стане конкурентна со европската еконономија, рече Јолевски.
Во однос на тоа дека забелешките на бугарската страна се дека содржината на извештајот била позната на македонските власти пред да биде објавен и дали тоа значи дека ова е наша дипломатска победа, вели дека е победа за нас, бидејќи вистината е на наша страна.
-Вообичаена пракса е кога некој подготвува извештај за одредена земја тие да се консултираат со таа земја. Победа за нас е бидејќи вистината е на наша страна, реалноста е на наша страна. Ние живееме во 21 век. Да негира некој иденитет на одредена нација е несвојствено, вели Јолевски.
Уставните измени значат вклучување на неколку малцинства во Уставот на Северна Македонија, и само сакам да разјаснам едно, ова е барање што Северна Македонија треба да го исполни во согласнос
На предлог на известувачот Томас Вајц, Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент (АФЕТ) денеска го одложи гласањето за усвојување на Предлог-извештајот за земјава за 24 јуни.
Како што јави дописникот на МИА од Брисел, Вајц во образложението на предлогот нагласи дека бил сведок на интензивни политички дебати околу извештајот, но дека апсолутно стои зад документот, за кој во преговорите и компромисите, како што рече, биле вклучени сите пратенички групи во Европарламентот.
- Ова е извештај на Европскиот парламент и на Европската Унија. Овој извештај нема намера и нема за цел решавање на билатерални прашања меѓу Бугарија и Северна Македонија. Сепак, знаеме дека се работи и за билатерални односи, но исто така, да речеме, за владеењето на правото, за третманот на малцинските заедници и така натаму. Затоа би сакал да побарам одлагање на гласањето по овој извештај за 24 јуни, рече Вајц.
Ново на Сител
-
Со „Сино знаме“ наградени 64 плажи и две марини во Република Кипар
-
Кампања за заштита на шумите од пожар
-
Мисајловски на состанокот на Северноатлантскиот совет на НАТО во Брисел ја потврди посветеноста на државата кон колективната безбедност
-
Предложен притвор за осомничен за четири тешки кражби
-
107 санкции за непрописно вградени фолии и користење на т.н. флешери
-
ЕСМ и натаму ќе снабдува по иста цена
-
Клековски: Формирана е работна група за следење на напредокот при лекувањето на пациентите од Кочани
-
Саити: Црвен крст досега исплати 107 милиони денари за повредените во Кочани, остануваат 49 милиони што ќе се исплатат наскоро