Во Куманово отворена 16. Меѓународна ликовна колонија „Карпино“
Мултимедијалното здружение „Карпино“ синоќа во кумановската населба Карпош ја отвори 16-та Меѓународна ликовна колонија „Карпино“, на која учествуваат уметници од Србија, Бугарија, Босна и Херцеговина, Украина и Македонија. Колонијата ќе трае осум дена. Уметниците ќе творат во класични техники, акрил и масло на платно. Колонијата ќе биде отворена и за јавноста, така што заинтересираните ќе можат да ги посетат уметниците додека творат, соопштија организаторите.
- Уметниците ќе ја посетат и црквата Свети Никола во Куманово на денот на посветен на Пресвета Богородица каде се изложени старите икони од манастирот Карпино за да се инспираат. Предвидена е и посета на Старо Нагоричане и тамошните културно историски знаменитости и природни убавини, изјави уметничкиот раководител на колонијата, Валентина Илијевска.
Ново на Сител
-
Жителите на Оревоец судски и со блокади против ископ на материјал од страна на Бехтел и Енка
-
Велосипедистите бараат патека за поврзување на Охрид - Струга
-
Преглед на вестите од светот
-
Teма на денот со Панди Јани, претседател на партијата на слободата за Мала Преспа
-
Сител во Пустец: Како Бугарите станаа побројни од Македонците во Албанија
-
Јавните комунални претпријатија се превработени, но со несоодветен кадар
-
Сител во Пустец: Како Бугарите станаа побројни од Македонците во Албанија
-
Сведоштва за бугарските медиуми