Македонија
30. јуни 2024 - 16:34

Агелер: Нема репреговарање на Договорот од Преспа и напредокот кон ЕУ

Нема одново преговарање на Преспа и за напредокот кон Европската Унија. Американската амбасадорка во интервју за Радио Слободна Европа вели дека предизборната кампања и старите терминологии треба да се стават на страна. 

- Не е соодветно да коментираме изјави на нашиот стратешки партнер, велат од владејачката ВМРО-ДПМНЕ додавајќи дека нивната Влада ќе остане силно фокусирана на реформите.

А во делот на реформите кои ги најавува ВМРО-ДПМНЕ, Агелер вели дека САД чекаат да видат силна борба против корупцијата.

За лицата кои се ставени на црната листа на Агелер вели дека САД не го спроведува законот во Македониија и дека на нашите власти останува да спроведат истраги и да ја спроведат правдата.