Во крводарителска акција во Велес собрани 158 крвни единици
Во денешната акција за доброволно дарување крв по повод ослободувањето на Велес – 9 ноември, за седум часа беа собрани 158 крвни единици. Меѓу крводарителите имаше 122 мажи и 36 жени, а петмина првпат даруваа крв.
Акцијата, која е 15 по ред, ја организираше Мото клубот „Носачи на крстот“ во соработка со велешката Општинска организација на Црвениот крст и Општина Велес.
Претставникот на велешкиот Црвен крст, Орце Николов во изјава за МИА оцени дека денешната акција е една од поуспешните овогодишни крводарителски акции меѓу граѓаните на Велес.
– Како и многупати на ваквите бројни акции и денеска велешани во голем број се вклучија и дадоа свој придонес за успешна акција, а со тоа докажаа дека во изминатите години и се уште се на врвот на најхуманите во земјава, потенцира Николов.
При крводарителската акција на велешките моторџии од „Носачи на крстот“ одржана на 10 ноември 2021 година беа собрани 173 крвни единици, а во пролетната 171 крвна единица.
Ново на Сител
-
Зеленски ќе учествува на Минхенската безбедносна конференција
-
Ердоган: Потребен е нов светски поредок
-
Маск повика на затварање на Радио Слободна Европа и Гласот на Америка
-
Николовски: Поднесени пријави за уште осум лица за кривичните дела со употребувани возила
-
Претседателот на Адана Демирспор поднесе оставка по напуштањето на натпреварот против Галатасарај
-
Поскапуваат ЕУРОСУПЕР БС-95 и Екстра лесното масло за домаќинство
-
Истражување: Дури и кратка изложеност на загаденост влијае лошо на вниманието, расудувањето и однесувањето
-
УЕФА го претстави дизајнот на топката за финалето на Лигата на шампионите