Анализа: Како да се справиме со негативното влијание на интернет просторот?
Тик ток ќе се забрани во Македонија, само ако инцидентите прераснат во пракса. По многуте опасни трендови по кои беше завеана џен зи генерацијата, последно со Супермен и предозирањето со парацатамоли, македонските власти со упатства ги едуцираат децата, родители и наставниците за лошото влијае на социјалните мрежи.
- Да се разбереме, тоа не се обврски, туку домашна задача за родители. Прво упатства а потоа и мрежи за да гледаат што им вртат децата, изјави Стефан Андонвоски, министер за дигитална трансформација
Во метрополата, почнаа да се забрануваат и мобилни телефони за децата за време на настава. Ова веќе се практикува во Центар, а неодамна и во Општина Аеродром.
Невладиниот секор е против целосно угаснување на мрежата Тик-ток. Наставата без смарфтони ја оценуваат како краткорчно решение, бидејќи тоа е само осум часа во денот, децата кога ќе стигнат дома, повторно имаат пристап до овие уреди. Решението во негативното влијание на интернет просторот го гледаат во предлог-закон за регулирање на платформата, но и додавање на медиумска писменост како изборен предмет во наставата, за децата уште од млади нозе да бидат способни да препознаат лажни вести и дезинфорамции.
Последно, албанскиот премиер се изјасни дека планира да го угасне Тик-Ток, бидејќи според неговата изјава најголемиот дел од родителите сметаат дека мрежата е токсична за развојот на нивните деца.
-
Габриела Лескова
Сите содржини од овој новинар