-->
-->
Во кривопаланечко 110 барања за штети од априлското невреме
-->
Вкупно 110 барања за надомест на штета од невремето во април годинава поднеле земјоделците од Крива Паланка и Ранковце.
Сите 110 барања се со пријавена стопроцентна штета на поседите.
- Станува збор за извршена проценка на штета на ореви, цреши, вишни, сливи и јаболки на земјоделски имоти на територијата на двете општини, информира Славче Станковски од општинската Комисија за утврдување штети од пролегното невреме.
Утврдени се пријавените штети на земјоделски земјишта и овоштарници, додека барањата не се однесувале за процена на штети на млад насад.
Комисијата која извршила проценка на штетите се состои од пет члена: претставници од подрачната единица на Министерството за земјоделство, шумараство и водостопанство Крива Паланка, подрачната канцеларија на Агенција за поттикнување и развој на земјоделството, како и од Државниот земјоделски инспекторат.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Снопче: Aкo Мицкоски каже да ја напуштиме Владата, веднаш ќе го сториме тоа
-
Тема на денот со Халил Снопче, пратеник од Алијанса за Албанците
-
49 осомничени во акција на ОЈО ГОКК и МВР
-
Три ипол години затвор за Стевчо Јакимовски
-
Струмица ќе ѝ помогне на Кочани со кадар и искуство
-
Пет пациенти од пожарот во Кочани се враќаат од лекување од Србија
-
Палевски: Криминален ум би ја убил мајката, а не Вања
-
РЕК Битола ја исчисти недозволената количина на пепел, тврдат дека не била токсична