Во Косово затворени сите институции поврзани со Србија
Косовскиот министер за внатрешни работи Џелал Свецла денеска, на 15 јануари, потврди дека сите „паралелни институции поврзани со Србија“ во земјата се затворени.
„Денеска се затворени „паралелните општини на Србија“ во Липјан, Обилиќ, Приштина, Косово Поље, Вучитрн, Нови Брдо, Каменица, Витина, Ораховац, Скендерај, како и дивата пошта и даночна служба.
Со заедничката акција на МВР и ПК и НОНЕ и МППЛ завршува ерата на српските општини и паралелните криминални институции во Република Косово“, порача министерот Свецла на Фејсбук и додаде:
„Како што ветивме, нема да дозволиме никаква паралела, особено криминална активност во Србија што би го загрозила Уставот и правниот поредок во нашата земја“.
Општините, компаниите, градинките, основните и средните училишта и јавните универзитети директно финансирани од Владата на Србија, кои според законите на Косово беа третирани како незаконски, работеа во градовите и населбите каде што живее српската заедница на Косово.
Споменатите институции во изминатиот период постепено беа затворени, а Владата на Косово во неколку наврати истакна дека со укинувањето на „паралелните српски институции“ се обидува да воспостави ред и закон, особено на северот на Косово, каде што мнозинството Србите живеат.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Тони Менкиноски
-
Пратениците од ДУИ гласаа против измените во Изборниот законик за учество на независните на изборите
-
Средбата Трамп-Путин заврши без договор за прекин на руско-украинската војна
-
Цела ноќ битка со стихиите кај Јажинце, денеска критично и кај Јасен
-
Славески: Без јасна поделба на универзитетите секое следно рангирање ќе носи фрустрации, не решенија
-
Кога студентите ќе ги добијат ваучерите од 250 евра за електронски уреди?
-
Проблемот со струшката депонија пред судот во Стразбур
-
Преглед на вестите од светот