-->
-->
Во Кочанско слаб интерес за мерката Млад земјоделец
-->
Во предвидениот рок за аплицирање за неповратни финансиски средства за мерката Млад земјоделец за започување земјоделска дејност во општина Кочани се пријавиле само двајца апликанти.
Според информацијата добиена од Подрачната канцеларија на Агенцијата за финансиска подршка во земјоделството и руралниот развој, интересот е мошне слаб, иако вработени од Агенцијата постојано биле на терен и на средба со млади земјоделци.
- Двајцата апликанти кои понесоа документи за користење на средства од мерката Млад земјоделец се од Кочани и од село Тркање, кои располагаат со сопствен земјишен фонд, истакнува Валентин Захариев, советник во АФПЗРР во Кочани.
Захариев исто така информираше и за интересот на земјоделците од кочанскиот регион за користење на мерката за подигање овошни и лозови насади.
-За оваа мерка се пријавија четворица апликанти, сите од Кочани, кои поднесоа документи за користење неповратни средства за подигање исклучиво на овошни насади и тоа насади од ореви и лешник, истакнува Захариев.
Од Агенцијата за финансиска подршка во земјоделството и руралниот развој постојано се на терен и им укажуваат на земјоделците за можностите за користење на неповратни средства и кредити за развој на земјоделството во целина.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со генералниот секретар на СДСМ, Александар Димитријевиќ
-
17 уапсени за инцидентите
-
ДУИ бара интерпелација на Тошковски - СДСМ лидерска средба
-
Разбојниците вчера од продажен објект на градскиот стадион одзеле 10.000 евра, но на излегување биле уапсени од ЕИП
-
Мицкоски за обвинителите: Нема веќе трпение
-
Приватните превозници се откажаа од блокада, утре продолжуваат да возат
-
Од Нова Година чоколадото ќе биде луксуз, поскапуваат и други берзански производи како маслото и шеќерот
-
Жртвите на семејно насилство во Струмица добиваат куќа за отворено домување