Приватните превозници се откажаа од блокада, утре продолжуваат да возат
Приватните превозници од утре се враќаат на улица. Во понеделник нема да го блокираат главниот град.
На денешната координативна средба во градот Скопје постигнат е договор во рок од 15 дена, независни експерти да направат анализа колку точно ќе добијат зголемување по извозен километар. Новите цени би се применувале од 1 јануари.
Ваквиот предлог дојде од советниците на СДСМ на градот Скопје, откако вчерашниот заклучот за покачување на цената за 30 денари по километар, од градот Скопје беше отфрлен како невалиден.
Советниците од ВМРО ДПМНЕ го напуштиле состанокот, со образложение дека вчерашната одлука за нив е легитимна. Денешниот средба ја оценија како политичка игра.
Вчера Советот на Град Скопје изгласа зголемување на цената по изминат километар на приватните превзоници од сегашните 70 на 100 денари.
Оваа цена би се применувала до мај, кога истекуваат договорите со приватните првозници.
Но Стручните служби на администрацијата на градот Скопје и градоначалничката Арсовска, ваквиот заклучок го сметаат за неважечки, затоа што е донесен без кворум, со присутво на само 19 советници.
-
Наташа Мерсовска
Сите содржини од овој новинар