Во Кочани се одржува средба на родителите на починатите во „Пулс“ со обвинителите
Родителите на починатите лица во клубот „Пулс“ во Кочани денеска имаат средба со обвинителите од Основното јавно обвинителство, откако на саботниот „Марш за ангелите“побараа појаснување за поднесениот обвинителен акт во врска со трагедијата.
Средбата е од затворен карактер и на медиумите не им е дозволен пристап во салата на Мултикултурниот центар каде влегоа четриесетина родители и блиски на починатите.
Во обраќањето на маршот пред зградата на Основното јавно обвинителство, семејствата на починатите во трагичниот пожар истакнаа дека тие не се правници и не го разбрале обвинението против осомничените. Нагласија дека како директно засегнати од трагедијата, од суштинска важност е целосно и детлано да бидат информирани за истражната постапка, како и со содржината на поднесениот обвинителен акт.
Побараа Обвинителствотo да ги информира кои физички и правни лица се опфатени со обвиненито и против кого ќе се продолжи постапката, а кои лица и зошто се изземени од одговорност.
Ново на Сител
-
Премиерот во посета на РЕК Битола по повод Денот на рударите
-
Мицкоски: За една година го зголемивме двојно реалниот пораст на платите
-
Отворена е нова канцеларија за е-услуги во Свети Николе
-
Еврообврзница на почетокот на наредната година
-
Тема на денот со Гордана Димитриеска Кочоска, министерка за финансии
-
Убиство пред казино во Кавадарци
-
Фондот за здравствено осигурување лани платил 45 милиони евра за кардиолошки и кардиохируршки интервенции
-
Филипче: Нема сценарио за хаос на избори