Во Кочани акција за помош на настраданите од поплавите во Скопје и Тетово
Општина Кочани во соработка со Црвениот крст на Република Македонија, општинската организација Кочани и невладината организација „Благородна мисија“ од изутринава организираат хуманитарна собирна акција за помош на настраданото население од поплавите во Скопје и Тетово. Пунктот е поставен на Градскиот плоштад, пред супермаркетот „Тинекс“ каде граѓаните и правните субјекти можат да ја искажат својата солидарност и да донираат.
- Согласно информациите добиени од терен, Црвениот крст на Република Македонија апелира да се донираат следниве артикли: конзервирана и бебешка храна, пелени, вода за пиење, средства за хигиена, средства за дезинфекција. Пунктот ќе биде отворен во периодот од 12 до 16 часот, а ќе продолжи и наредните дена, изјави секретарот на Општинската организација на Црвениот крст од Кочани Анета Коцева.
Таа информира дека заинтересираните правни субјекти и граѓани дополнително можат да се вклучат и со обезбедување парична помош и да донираат на жиро-сметката на Фондот на солидарност 300000001327966 ДБ 4030984271620 – Комерцијална банка.
Граѓаните можат да донираат 100 денари со повик на телефоните: 075/070/077 143-400.
Пунктови за донација се отворени и во општините Зрновци, Чешиново Облешево и Виница и се наоѓаат пред општинските згради.
Ново на Сител
-
Внатрепартиски избори за претседател на СДСМ – тројца кандидати
-
Тема на денот со Златко Перински, министер за локална самоуправа
-
Внатрепартиски избори за претседател на СДСМ – тројца кандидати
-
Дигитална трансформација на јавните комунални претпријатија
-
Внатрепартиски избори за претседател на СДСМ – тројца кандидати
-
Агелер: Нема репреговарање на Договорот од Преспа и напредокот кон ЕУ
-
Детектор: Македонските граѓани сакаат членство во ЕУ, но не по цена на Бугари во Уставот
-
Бугарија задоволна од пописот во Албанија, Грција бара почитување на малцинствата