Во Клиничката болница во Штип примени две повредени девојки од сообраќајката кај Пилат Тепе
Две девојки на возраст од 19 и 22 години повредени во сообраќајната несреќа на патот Штип-Радовиш што се случи во 17:50 часот меѓу автобус на Струмица експрес и патничко моторно возило се донесени во Штипската клиничка болница.
Пациентките, како што изјави дежурниот лекар Методи Илиев, се надвор од животна опасност. Тие со возило на итната медицинска помош од Радовиш околу 19 часот се донесени во Штипската болница каде им се санирани повредите и се пуштени на домашно лекување.
- Двете пациентки беа со телесни повреди. По направените испитувања кај едната се утврди дека има набиеници, односно дисторзија на вратот. Дадена и е терапија и пуштена е на домашно лекување. Втората беше со посекотини на долна усна и набиеници на главата. Повредата и е санирна, и исто така е пуштена на домашно лекување, изјави Илиев.
Тој додаде дека пациентите биле од Струмица и биле повредени како сопатнички во автобусот. Други пациентите од сообраќајната несреќа не се примени во Штипската клиничка болница.
Ново на Сител
-
Премиерот најави казни против маркетите и мерки кај услугите
-
Муцунски: Каква и да е одлуката на Уставен, нема да влијае на преговарачката рамка
-
Уште една бурна ноќ во Србија - 114 приведени, 75 повредени полицајци
-
Активни два пожара - Јасен и Јегуновце
-
Во касарната Јане Сандански - Штип презентирани нови 29 лесни оклопни возила - JLTV од САД
-
Охрид и Струга нудат услови за конгресен туризам
-
Преглед на вестите од светот
-
Беснее пожарот на Јасен, регионалниот пат Македонски Брод - Скопје целосно затворен