Во Карбинци за три години инвестирани над три милиони евра
Во Општина Карбинци во изминатите три години инвестирани се околу 3,3 милиони евра. Градоначалникот на Општина Карбинци, Зоран Минов вели дека изградена е патна инфраструктура, улици во речиси сите населени места во општината, а се уредуваат и мали плоштади и паркови.
- Со реализацијата на проектите во текот на изминатите три години се подобрува и животот на населението. Во Општина Карбинци ќе се гради и зелен пазар, а во текот на наредниот период ќе се асфалтираат и улици во 11 населени места во општината со должина од околу 8.000 метри, вели Минов.
Тој истакна дека интензивно се гради и патот од селото Аргулица во Општина Карбинци до селото Борилчево во Општина Чешиново-Облешево во должина од околу три километри. Со изградбата на овој пат двете општини, како што рече, ќе бидат поврзани, земјоделците полесно ќе пристигнуваат до своите ниви, а овој пат ќе се користи и како алтернативен доколку има застој на сообраќајот на магистралниот пат од Штип до Кочани.
Ново на Сител
-
Нотарка дискриминирала слепо лице: „Ти си неписмен откаде знаеш што потпишуваш“
-
Преглед на вестите од светот
-
Обвинителството отвори истрага за токсичната пепел од РЕК Битола
-
Привршува судењето за модуларната болница во Тетово
-
По 1 мај средба Мицкоски - Таравари
-
ЗНАМ почнува преговори со ВМРО-ДПМНЕ за соработка на локалните избори
-
Левица бара да нема застареност
-
Хрватски искуства на патот кон ЕУ: Политичкиот консензус услов за реформи