Во јуни собрани 57 единици крв во Гевгелија и во Дојран
Во текот на јуни собрани се 57 единици крв, информираат од Црвениот крст од Гевгелија и службата за трансфузија од гевгелиската Општа болница.
Од вкупно реализираните крвни единици во текот на изминатиот месец 33 крводарители доброволно дарувале крв во службата за транфузија во болницата во Гевгелија, а останатите 24 биле собрани од акцијата одржана во Дојран.
- Изминативе шест месеци, за разлика од истиот период лани, кога бевме многу повеќе ангажирани во справувањето со бегалската криза, бевме многу повеќе посветени на полето на крводарувањето и тоа се одразува преку постигнатите резултати.Од досега реализираните акции собрани се вкупно 330 крвни единици што претставува зголемување за околу 50 крвни единици во однос на резултатот остварен во истиот период лани, велат надлежните од Црвениот крст во Гевгелија.
Следните крводарителски акции ги најавија за втората половина од овој месец кога доброволно крв ќе даруваат гевгелиските полицајци и учесниците на меморијалниот турнир во мал фудбал „Тихо“ кој се одржува во Миравци.
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Протест во Скопје на родителите на загинатите во кочанската дискотека
-
Кочани повод за втора интерпелација за Тошковски за 100 дена
-
Апелационен суд Штип: Бектеши останува во притвор
-
Кос: Македонија е тажна приказна на Балканот која предолго чека влез во ЕУ
-
Семејствата на настраданите во Кочани на протест пред јавното обвинителство во Скопје
-
Пратениците расправаат за интерпелација на министерот Тошковски
-
Николоски: Предвремени избори нема да има