-->
-->
Во Италија осуден капетанот чиј брод потона при што се удавија 850 мигранти
-->
Судот во Сицилија го осуди на 18 години затвор капетанот на мал брод, што во април минатата година потона во Средоземното Море и притоа се удавија најмалку 850 мигранти.
Осудениот е тунискиот граѓанин Мохамед Али Мелек.
Судиите одредија и петгодишна казна затвор за вториот капетан на бродот, Сириецот Махмуд Бакхит.
Бродоломот кој се случи на 18 април 2015 годинасе смета за еден од најсмртоносните во Средоземното Море во текот на последните години.
Само 28 преживеани лица беа изведени од водата, како и тела на 24 мигранти веднаш по инцидентот.
Стотици тела беа пронајдени подоцна во текот на истрагата.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Парада на гордоста
-
Почна расправата за новата влада
-
Тема на денот со Стојанче Ангелов, директор на ЦУК
-
Почна расправата за избор на новата влада
-
Високите температури направија хаос на Задушница: Луѓето со часови чекале автобус за да отидат на гробишта
-
Се води битка со пожарите
-
Анализа: Како се случи енергетскиот колапс во регионот?
-
Колку ќе заштеди здравството со укинувањето на организациските директори?