-->
-->
Во исчекување на стартот на Мундо-баскет
-->
Утре во осум кинески градови, започнува Светското кошаркарско првенство на кое за прв пак ќе учествуваат 32 репрезентации поделени во осум групи.
Првата фаза од турнирот ќе трае од 31 август до 5 септември. Најдобрите две репрезентации од секоја група ќе се пласираат во следната рунда, во која ќе бидат формирани нови четири (осминафинални) групи, додека трето и четврто пласираните ќе разигруваат за пласман од 17 до 32 место.
Нокаут фаза ќе започне со четвртфиналните натпревари на 10 септември.
Полуфиналните дуели се закажани за 13 септември, а мечот за трето место и големото финале се играат на последниот ден, на 15 септември.
Главните фаворити за титулата се актуелните шампиони Американците, кои мака мачеа со составување на тимот кој ни од далеку не наликува на популарниот „Дрим Тим“. Затоа таквата шанса ќе обидат да ја искористат пред се Србите кои играат фантастично во подготвителниот период, како и Грците предводени од Јанис Антеткумпо.
Шанса ќе бараат и селекциите на Шпанија и Австралија, како и традиционално добриот состав на Франција.
Најмногу учесници има Европа 12, а по неа со осум следуваат Азија и Океанија, седум доаѓаат од Јужна и Северна Америка, а пет од Африка.
Група А: Брегот на Слоновата Коска, Полска, Кина, Венецуела
Група Б: Русија, Аргентина, Република Кореја, Нигерија
Група Ц: Шпанија, Иран, Порторико, Тунис
Група Д: Ангола, Филипини, Италија, Србија
Група Е: Турција, Чешка, САД; Јапонија
Група Ф: Грција, Нов Зеланд, Бразил, Црна Гора
Група Г: Доминиканска Република, Франција, Германија, Јордан
Група Х: Канада, Сенегал, Литванија, Австралија
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Поради здравствени проблеми Вучиќ ја прекина посетата на САД и се враќа во Белград
-
Премиерот Мицкоски ќе присуствува на поставување на камен темелник за изградба на автопатот Тетово - Гостивар
-
Фенербахче сака да го купи Душан Влаховиќ
-
Костадиновски: Потребен е Закон за Уставен суд за зголемена транспарентност и поголема доверба кај граѓаните
-
Перез се враќа во Формула 1
-
Пјастри: Да бидам на чело во Формула 1 е нешто посебно
-
Гран При на Мајами останува во календарот на Формула 1 до 2041 година
-
Поранешен тренер на Јунајтед го нападна клубот: Потрошија 750 милиони евра за играчи, а се во многу полоша состојба отколку што беа тогаш