Во иранскиот град Омдије измерени 49,6 степени, на Антарктикот- минус 74,2 степени
Највисока температура денеска напладне е измерена во градот Омдије во југозападниот дел на Иран, каде температурата достигна 49,6 степени, се наведува на веб-страницата Огимет, која собира податоци за метеоролошката состојба од целиот свет.
На второ место е исто така град во Иран, Ахваз, кој е сместен во долината на реката Карун, каде се измерени 48,6 степени.
Најстудената точка во светот денеска напладне беше Восток на Антарктикот, каде се измерени минус 74,2 степени.
Најсилeн ветер е регистриран во Гренланд, каде налетите достигнаа 220 километри на час, а најмногу дожд наврна во Индија во Хонавар.
Во Европа, најжешко било во Турција, каде што дури осум градови се меѓу десетте најжешки. Во Батман се измерени 42,6 степени, во Дијарбакир 41,9 степени, а во Урфа 41,7 степени.
Два града во Шпанија се меѓу десетте најжешки – Сиеса со 39,7 степени е на седмото место и Мурсија со 39,4 на десеттото место.
На швајцарскиот врв Јунгфрајох се измерени нула степени и тоа беше најстудената точка во Европа денеска напладне.
Најмногу дожд во Европа наврна во шкотското село Абојн, а најсилен ветер дуваше во Австрија, на аеродромот во Инсбрук, каде се регистрирани налети на ветер од 104 километри на час.
Ново на Сител
-
Собранието го изгласа ребалансот на Буџетот
-
Тема на денот со Каја Шукова, кандидатка на СДСМ за градноначалничка на Скопје
-
Линеарното зголемување на пензиите денеска на владина седница
-
СДСМ бара нови мерки
-
Битката во албанскиот блок – фокус на локалните избори
-
Ивановска: Има начини законски да се разреши Димитровска од антикорупциска
-
Партиите со меѓусебни обвинувања за идејата за резолуција со Бугарија
-
Службите во Македонски Брод со пожари се борат на три фронта