Во Иран пријавени првите три смртни случаи од Омикрон
Иран ги регистрираше првите три потврдени смртни случаи од сојот омикрон, соопшти денеска Министерството за здравство, пренесе ДПА.
Тројца Иранци досега починале од високо преносливиот сој на коронавирусот и на национално ниво со него има новозаразени над 1.100 лица, сооошти Министерството, пренесе ДПА, повикувајќи се иранската агенција Тасним.
-Бројот на пациенти со омикрон во земјата достигна 1.162, а по еден смртен случај од омикрон се пријавени во градовите Табриз, Јазд и Шахрекорд, додека еден тешко болен пациент е хоспитализиран во Ахваз, изјави портпаролот на министерството, Мохамад Хашеми за државната телевизија ИРИБ.
И покрај акутната економска криза, владата во Техеран, наводно, уште еднаш планира да наметне строги ограничувања на јавниот живот во обид да спречи нов бран од заразата.
Иран е тешко погоден од пандемијата, но инфекциите почнаа да се намалуваат бидејќи од минатото лето вакцините станаа подостапни за населението.
Досега, повеќе од 60 отсто од речиси 84 милиони Иранци се двојно вакцинирани, а се применуваат и засилувачките дози.
Во оваа земја од почетокот на пандемијата регистрирани се над 132.000 смртни случаи од Ковид-19 и повеќе од 6,2 милиони инфекции.
Ново на Сител
-
Мерки на претпазливост за пијаниот возач кој завчера удрил девојка на пешачки – Во февруари казнети 23.844 возачи
-
Што ќе содржи обвинителната одлука за скандалот на Онкологија?
-
Апелација му скрати четири години од казната на Боки 13 за „Рекет“
-
СДСМ предлага закон за зголемување на платите
-
Левица: Плата да се исплаќа до 5ти во месецот
-
Научна конференција: Новите предизвици во високото образование и синдикалното движење
-
Дневен центар за пензионери во Охрид
-
Прилепските извидници прославија 10 години