Во Илинден изложба на слики од ликовната колонија во Радовиш
Во Домот на култура „Илинден“, во општина Илинден отворена е ликовна изложба на слики од првата Меѓународната ликовна колонија во Радовиш, „Свети Георгиј”.
На изложбата се претставени 50-тина дела на повеќе реномирани сликари, учесници на ликовната колонија во Радовиш, меѓу кои Ставре Димитров, Доне Милјановски, Запро Запров, Максим Димитров, Душан Коцев, Крсте Тарабунов, Владимир Темков, Зоран Коцев, Наташа Пецева, Ефтим Ристовски, Новица Трајковски, како и уметниците од странство Петар Белјашки од Бугарија, Снежана Мелник од Украина, Алиса Јакови од Естонија, Гордана Винчиќ од Србија и Намдакжакчивин Летиф, почесен конзул на Монголија во нашата земја.
Изложбата што ќе биде отворена до 20 декември се реализира во организација на општина Илинден и Домот на култура „Ацо Караманов” од Радовиш.
Ново на Сител
-
Државата им плаќа да студираат на престижни универзитети, ама не го користи нивниот потенцијал
-
ЕУ очекува уставни измени и почитување на Преспанскиот договор од новата Влада
-
Ибраимовски демантира дека им се заканувал по живот на уставните судии
-
Камбовски: Распуштање на Судски не е опција
-
Преглед на вестите од светот
-
На секоја втора фирма во Македонија и се барало мито
-
Граѓаните не се доволно вклучени во процесот на носење одлуки
-
Не запираат дивоградбите во Охрид