Македонија
25. јуни 2024 - 12:21

Не запираат дивоградбите во Охрид

Никако не запира неконтролираната урбанизација.

Бројот на дивоградби не запира.На потегот од Радожда до Свети Наум на самото крајбрежје на охридското езеро според граѓанските активисти има околу 300 дивоградби .Тие реагираат дека извештаите поднесени до Унеско од страна на надлежните институции се фејк и не кореспондираат со реалната состојба на терен.

Неконтролираната урбанизација ,инфраструктурното планирање и нефункционирањето на колекторскиот систем се едни од најгорливите детектирани проблеми .

За подобар мониторинг врз процесите за зачувување на светското наследство, од страна на граѓанскиот сектор се планира отворање на канцеларија на УНЕСКО во Охрид ,Струга и Поградец.