Македонија
28. јуни 2024 - 16:36

Преполовен бројот на Македонци во Албанија, првпат потпишани и Бугари

Се преполовил бројот на македонци по ланскиот попис во Албанија. Според податоците на тамошниот институт за статистика објавени денеска, како Македонци се изјасниле 2.281 или двојно помалку во споредба со пописот во 2011та година кога биле евидентирани околу 5.500.

За првпат, во малцинставата се појавуваат и Бугари. Дури 0,3 отсто од попишаните или над 7 илјади се изјасниле дека припаѓаат на бугарската етничка заедница. Зголемувањето на Бугари за сметка на Македонците според Претседателот на единствената македонска партија е пописен геноцид одобрен од Албанија.

Пописот во Алабанија се спроведуваше минатата есен, а македонското малцинство се пожали на закани од бугарски здруженија кои барале Македонците да се попишат како Бугари. Им ветувале дека тоа бил полесниот и поевтин пат да добијат европски пасош потпишан од Софија. Случајот го премолчаа властите во Бугарија, а единствената реакција беше дека ќе продолжат да ги поддржуваат Бугарите кои живеат во Албанија.

Во резултатите од пописот, единствено за Македонците не е напишана припадност на етничка заедница. Наместо македонци, во графата е напишано Северна Македонија.