-->
-->
Во Хрватска продолжува штрајкот на просветните работници
-->
Во Хрватска денеска почнува нова рунда штрајкови во основните и средните училишта, а претставниците на синдикатите ќе се сретнат со министерот за образование Јосип Аладровиќ.
Настава денеска нема да има во Осјечко-баранската и Личко-сењската жупанија, а утре во Приморско-горанската и во Задарската жупанија, додека за среда е најавен штрајк во цела Хрватска и голем протест во Загреб.
Владата веќе понуди вклучува зголемување на платите за шест отсто за сите вработени на кои плата им дава државата, но наставниците и професорите бараат поголеми коефициент и кои би ги изедначиле со останатите од државната служба.
Хрватските наставници во просек имаат плати од 800 до 1000 евра, професорите нешто поголеми, а лидерите на синдикат – 2.300 евра.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Што содржи предлог-законот за ратификација на договорот со Обединетото Кралство?
-
Tема на денот со Изет Меџити, вицепремиер и еден од лидерите во ВРЕДИ
-
Што содржи предлог-законот за ратификација на договорот со Обединетото Кралство?
-
Кога Владата официјално ќе го предложи Азир Алиу за нов министер за здравство?
-
За три децении 18 министри за здравство – Tаравари со два мандати, Tодоров најдолго во министерската фотеља
-
Две обвиненија за скопските криминални банди - вршеле нарачани убиства, тргувале со дрога
-
Почна сослушувањето на родителите за трагедијата во „Пулс“
-
СДСМ обвинува за партиски зделки во МВР