Кога Владата официјално ќе го предложи Азир Алиу за нов министер за здравство?
Предлогот Азир Алиу да биде нов министер за здравство во следните денови ќе го помине владиниот филтер.
- Дали до Владата ги доставивте предлозите за министри?
- Се работи значи, деновиве - вели Меџити
- Деновиве ќе бидат доставени?
- Да...
Засега не е јасно кога точно Алиу ќе се најде во собраниска процедура. Меѓутоа, Коалицијата ВРЕДИ се уште го комплетира својот список на владини функционери.
Прашан дали Алиу ќе се најде на новата министерска функција со оглед на тоа што доаѓа од информатичкиот сектор, Меџити вели дека за позицијата министер најважни се менаџерските способности, а поради тоа Алиу бил најдобриот предлог за тоа место.
Предлогот Алиу да стане нов министер за здравство ќе биде ставен на седница во Законодавниот дом веднаш штом Владата ќе го испрати – уверува собранискиот спикер.
- Како што знаете и по Закон и по Деловник предлогот доаѓа од Владата. Премиерот треба да предложи нов министер. Кога ќе дојде на дневен ред веднаш во Собрание ќе биде доставен до сите пратеници и ќе го ставиме на првата наредна седница штом дојде предлогот, вели Гаши.
По рокадите во владиното мнозинство и излезот на Арбен Таравари со дел од својата екипа од Владата, од ВРЕДИ уверуваат дека мнозинството е стабилно, а нивниот број се зголемува.
- Веќе расте, вчера се копираа членовите од Алијсана на Албанците на чело со Арбен Фетаи. 10 члена од нивна страна во рамките на ВЛЕН е избран шеф на штабот, Аднан Азизи. Вчера елаборираше за екипата што ја формира, отворање на штабови по сите градови кадешто претендираме за локалниве избори и работат на визијата и програмата, вели Меџити.
- Нема никаква дилема за тоа дали имаме мнозинство. Се работи околу преминувањето на една политичка партија во опозиција, но гледате дека многу од пратениците остануваат дел од ВЛЕН. И мислам дека Владата и парламентарното мнозинство ќе работи со полн капацитет, вели Гаши.
Доскорешниот министер за здравство Таравари `и го сврте грбот на Владата и одлучи да оди во опозиција. Иако најави дека на претстојните локални избори ќе коалицира и со ДУИ и со ВРЕДИ во интерес на албанското прашање, сепак оваа понуда експресно беше одбиена од првите луѓе на ВРЕДИ.
-
Даниел Василев
Сите содржини од овој новинар