Балкан
21. May 2017 - 9:10

Во Хрватска денеска се одржуваат локални избори

Во Хрватска денеска се одржуваат локални избори на кои право на глас имаат повеќе од 3,7 милиони граѓани. 

За 9.500 различни функции на локално и регионално ниво на власт пријавени се повеќе од 47.000 кандидати. 

На изборите учествуваат 126 политички партии. 

Избирачките места се отворени во 7.00 часот, а ќе се гласа до 19.00 часот.